Meryem Göktaş
03 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца терористи на ПКК се неутрализирани за време на воздушните операции на турските сили во северен Ирак, соопшти денес Турската армија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб преку Твитер истакна дека терористите биле неутрализирани во регионот на Хакурк, северен Ирак.
Воздушните напади врз цели на ПКК во северен Ирак, каде што се наоѓа и главната база на таа терористичка организација на подрачјето на планината Кандил во близина на иранската граница, се спроведуваат редовно од јули 2015 година, кога ПКК ја продолжи својата вооружена терористичка кампања.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, во САД и ЕУ. Во својата терористичка кампања против Турција, која трае повеќе од три децении, убиени се над 40.000 лица, вклучувајќи жени и деца.