Deniz Çiçek Palabıyık
08 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АНКАРА
Турскиот министер за трезор и финансии, Лутфи Елван, истакнувајќи дека Турција нуди многу привлечни можности за инвестиции, како и дека работат на тоа Турција да стане атрактивен центар за инвестиции, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Елван присуствуваше на Меѓународниот самит на инвеститори организиран од Меѓународната асоцијација на инвеститори (YASED).
Истакнувајќи дека минатата година во ова време никој не предвидел дека 2020 година ќе помине вака, Елван рече дека се минува низ период каков што никогаш порано не бил виден.
Посочувајќи дека новиот тип епидемија на Ковид-19 ги разнишал сите рамнотежи во светот, Елван додаде дека се очекува оваа година глобалната трговија да се намали за 9,2 проценти, а меѓународните директни инвестиции за 40 проценти.
Елван, нагласувајќи дека и секторот за туризам и услуги се здобил со сериозни удари, додаде: „Како резултат на ова, во 2020 година глобалното намалување се очекува да биде 4,4 проценти. Секако дека оваа проценка може да се промени и да почне брзо закрепнување, во зависност од текот на епидемијата и од вакцината. Затоа, периодот по епидемијата со себе носи многу можности.“
Во тој контекст, турскиот министер Елван стави фокус на две точки.
„Првата од нив е трансформацијата што започна во глобалните синџири на снабдување. Со пандемијата, мултинационалните компании лично ги искусија недостатоците на приврзаноста кон единствен снабдувач. Во наредниот период, најверојатно ќе се појават нови производствени локации во глобалната економија. Земјите кои можат најдобро да ја искористат оваа можност ќе бидат и победници на новата ера."
„Втората работа што сакам да ја споменам е фактот дека постои одложена побарувачка и на потрошувачкиот и на инвестицискиот фронт. Штом пазарите ќе се вратат во нормала, земјите кои имаат капацитет да ги задоволат овие барања ќе имаат шанса да ги надминат своите ривали и да ги развиваат своите економии. Во една ваква конјуктура Турција започна нова мобилизација во областа на економијата и правото за да стане атрактивен центар за инвестиции“, истакна Елван.