економија

Кина повторно на врвот на бродоградбената индустрија и во 2025 година

Вкупната бродоградба во земјата изминатата година реализира пловила со вкупна носивост од 53,69 милиони тони, што е зголемување од 11,4 проценти во споредба со претходната година

Emre Aytekin  | 03.02.2026 - Обновена : 05.02.2026
Кина повторно на врвот на бродоградбената индустрија и во 2025 година

ПЕКИНГ (АА) – Кинеската бродоградбена индустрија и во 2025 година остана водечки производител на бродови во светот, според вкупното производство, како и според уделот во новите и тековни нарачки, според официјалните податоци, јавува Анадолу.

Вкупната бродоградба во земјата изминатата година реализира пловила со вкупна носивост од 53,69 милиони тони, што е зголемување од 11,4 проценти во споредба со претходната година, покажуваат податоците од Министерството за индустрија и технолошка информација.

Според податоците, производството во Кина сочинува 56 отсто од глобалното производство.

Нарачките кои се во тек на реализација, се со вкупна носивост од 274,42 милиони тони, што претставува 66,8 отсто од глобалното производство.

Новите нарачки се со вкупна носивост од 107,82 милиони тони, со што Кина учествува со 69 отсто во глобалниот пазар.

Кина е светски лидер во бродоградбата веќе 16 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın