İdris Okuducu
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
БАГДАД (АА) - Поради долг, Иран во потполност ја прекина испораката на електрична енергија за Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на ирачкото Министерство за електрична енергија, Мусаб Мудерис изјави дека поради долг од милијарди долари, Иран ја прекинал испораката на електрична енергија од 1.200 мегавати кои ги доставува преку пет главни линии.
Мудерис истакна дека Министерството за финансии било контактирано поради санација на дел од долгот, за испораката на електрична енергија да не биде во потполност прекината.
„На Иран претходно му беше платен долг од 100 милиони долари. Но за санирање на кумулираниот долг не е обезбеден никаков извор“, појасни Мудерис.
На 27 јули 2016 година, поради долг, Иран на Ирак на одредено време му ја прекина испораката на електрична енергија преку две линии.