Ebru Şengül
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Постигнат е постојан, континуиран напредок за реализација на проектот за гасоводот „Интерконектор Грција – Бугарија“ (ИГБ), објави вчера проектната компанија МКГБ АД, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата објави дека до крајот на годината ќе започнат неколку тендерски постапки, а клучните точки се финализирани во првата половина од 2017 година.
Гасоводот „Интерконектор Грција – Бугарија (гасовод ИГБ) ќе обезбеди директна врска помеѓу националните системи за природен гас на Грција и Бугарија, со влезна точка во близина на Комотини, во североисточна Грција, и излезна точка во близина на Стара Загора, во јужна Бугарија.
Гасоводот со должина од 182 километри ќе има транспортен капацитет од околу 3 милијарди кубни метри (bcm) природен гас годишно, од Грција до Бугарија, со што се зголемува можноста за годишен капацитет од 5 милијарди кубни метри, за да се исполнат можните идни потреби на пазарот.
Во првата половина од 2017 година, пет компании, од кои четири се целосно нови за бугарскиот пазар, потпишаа договори за идниот капацитет во гасоводот ИГБ, велат од компанијата, додавајќи дека биле постигнати договори за напредни резервации за капацитет (ARCA) со шпедитерите кои поднесоа обврзувачки понуди во првата половина од 2017 година.
„Компанијата е во процес на подготовка на соодветните постапки за доделување на главните договори кои се неопходни за почеток на изградбата – избор на инженер на сопственикот на проектот, снабдување со цевки, oдредување детален инжинеринг, набавка и изградба (ЕПЦ договор), археолошки истражувања и избор на компанија за надзор над градбата“, се вели во соопштението.
Во јули 2017 година, Одборот на директори на ИКГБ одобри ажуриран распоред којшто предвидува да се објавуваат повеќето тендери до крајот на 2017 година.
Компанијата, исто така, истакна дека барањето за дозвола за градба на бугарска територија беше доставено до Министерството за регионален развој и јавни работи, на 1 септември, и неговото издавање се очекува во првата половина на септември 2017 година.
„Ова е значајно достигнување на проектната компанија и го одразува целосното усогласување со патоказот на проектот“, истакнуваат од ИКГБ.