ИСТАНБУЛ (АА) - Продажниот притисок на пазарот на стоки продолжува во услови на зголемена загриженост од рецесија и инфлација, кои ја зголемија побарувачката на доларот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Неделниот надолен тренд е означен како неизбежен.
Негативниот тренд на пазарот на стоки дополнително се продлабочи со стравот дека податоците за инфлација објавени во САД ќе ја принуди Централната банка на САД (Федералните Резерви) на итна акција, и дека земјата ќе влезе во рецесија.
Според податоците објавени минатата недела, годишната инфлација на земјата изнесуваше 9,1 проценти во јуни, надминувајќи ги очекувањата.
По ова се очекува дека Федералните Резерви на состаноците во јули и септември ќе преземат посилни чекори за затегнување, зголемувајќи ги каматните стапки за 100 и 75 базични поени.
Индексот на доларот ја заврши неделата на 108,1 поен со пораст од 1,1 процент откако го достигна највисокото ниво во последните 20 години, со 109,3 базични поени.
Цената на унца злато, која го забележа најниското ниво во една година со 1.697,6 долари, има надолен тренд петта недела по ред и ја затвори неделата на 1.707 долари со депрецијација од 2,2 проценти.
Среброто, кое беше на најниското ниво во две години на 18,1 долари по унца, се намали за 3,1 проценти минатата недела.
Платината падна за 5,2 проценти, а паладиумот за 15,9 проценти.
- Бакарот достигна најниска цена од ноември 2020 -
Килограм бакар, кој ја достигна најниската цена од ноември 2020 со 3,2 долари минатата недела, неделата ја заврши со 7,8 проценти депрецијација.
Цената на алуминиумот се намали за 3 проценти, на никелот за 11 проценти и на цинкот за 5,3 проценти.
Цената на барел од нафтата Брент падна на 92,5 долари поради загриженоста за рецесија, што е неделен пад од 7 проценти.
Од друга страна, природниот гас со кој се тргуваше на Њујоршката берза, од друга страна забележа пораст од 16,9 проценти.
Додека прашањата поврзани со снабдувањето со природен гас продолжуваат, Газпром објави дека не може да го гарантира протокот на гас поради проблем со гасната турбина.
Турбината што ја поправа Сименс во Канада, беше одлучено да биде испратена во Германија наместо во Русија поради војната.
Газпром го намали капацитетот на природниот гас во Европа наведувајќи го како причина отсуството на турбината.
- Нагло намалување на цените на земјоделските производи -
Загриженоста поради рецесија и монетарните политики на централните банки продолжуваат да имаат влијание на земјоделските производи.
Пченицата со која се тргува на берзата во Чикаго ја заврши неделата со пад на цената од 12,4 проценти.
Минатата недела, цената на пченката падна за 3 проценти, на сојата за 3,9 проценти, додека цената на оризот се зголеми за 0,4 проценти.
Цената на памукот, која беше на најниското ниво од мај 2021 година, се намали за 7,2 проценти, а кафето, чија цена е најниска од октомври 2021 година, се намали за 9,4 проценти.
Зафер Ергезен, експерт за фјучерси и пазари на стоки, истакна дека загриженоста за забавувањето во економскиот раст се зголемува со зголемувањето на каматните стапки на Федералните Резерви, додавајќи дека зголемувањето на каматните стапки го поттикнало растот на доларот, што предизвика продажен притисок на сите пазари на стоки.
Ергезен рече дека зголемувањето на каматните стапки на централните банки во однос на инфлацијата донесе загриженост дека економскиот раст би забавил.
Осврнувајќи се на падот на цената на пченката, Ергезен забележа дека зголемувањето на проценките во производството создава перцепција дека ефектите од руско-украинската војна не се толку лоши како што се очекуваше.
Потенцирајќи на растот на цената на оризот, Ергезен рече: „Постои загриженост за производството на оризот поради глобалните температури. Затоа следевме позитивен тренд на цените на оризот.“
Истакнувајќи дека памукот ја заврши неделата со пад на цената, Ергезен истакна дека зголемувањето на каматните стапки предизвикало продавачите да станат поактивни на пазарот на памук.
Ергезен нагласи дека континуираното зајакнување на индексот на доларот врши и продажен притисок врз цените на кафето.
news_share_descriptionsubscription_contact
