Stipe Majic,Lejla Biogradlija
19 Јули 2022•Ажурирај: 20 Јули 2022
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватска, која е членка на Европската Унија (ЕУ), започна со ковање евро-монети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Минатата недела во Брисел беше соопштено дека Хрватска од 1 јануари 2023 година официјално преминува на користење на еврото, кое е заедничка валута во ЕУ.
По ова, беше одржана официјална церемонија во рамки на ковањето евро-монети во ковачницата што се наоѓа во близина на Загреб.
На оваа церемонија учествуваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој нагласи дека ковањето евро-монети е почеток за преминување во евро.
„Ковачницата во Хрватска е основана во 1993 година. Оваа установа играше важна улога во формирањето на нашиот идентитет, ќе кова евро-монети во овие денови кога се приближува 30-годишнината од нејзиното основање“, рече Пленковиќ.
Тој истакна дека неговата земја во 2023 година ќе влезе меѓу значајните земји членки на ЕУ, и дека својата работа ќе ја изврши со голема посветеност.
Меѓу другото, челникот на Централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ, рече дека ковачницата до крајот на годината ќе искова 420 милиони монети.
„Целта ни е на пазарот да пуштиме 3.700 тони монети“, додаде Вујчиќ.
Евро-монетите што ќе бидат ковани во Хрватска ќе содржат мапа на земјата, буквите „ХР“ и ликови како на научникот Никола Тесла.