свет, економија

Европа ги зголеми залихите на гас во складиштата до 60 проценти

Европа, која се соочува со енергетска криза предизвикана од војната помеѓу Украина и Русија, се согласи да ги диверзифицира своите ресурси и да ги наполни складиштата за гас

Murat Temizer  | 04.07.2022 - Обновена : 05.07.2022
Европа ги зголеми залихите на гас во складиштата до 60 проценти

АНКАРА (АА) - Стапката на исполнетост на капацитетите за складирање на природен гас во Европа достигна 60 проценти на крајот на јуни, од 28 проценти, колку што изнесуваше на крајот на зимата, според Гас Сториџ Јуроп, постројките за складирање гас (AGSI+), јавува Агенција Анадолија (АА).

Поради енергетската криза во Европа предизвикана од војната помеѓу Украина и Русија, континентот кој е силно зависен од руските испораки на гас, се согласи да ги диверзифицира своите ресурси и да ги наполни складиштата за гас пред зимските месеци.

AGSI+ покажа дека на крајот на февруари, вкупната стапка на искористеност на складиштата беше 28 проценти, а таа се намалила на 26 проценти на крајот на март. Оваа стапка се искачи на 33 проценти на крајот на април, 47 проценти на крајот на мај и 60 проценти на крајот на јуни.

Институциите на Европската Унија (ЕУ) постигнаа консензус на 19 мај за легислативата со која ќе биде задолжително полнењето на најмалку 80 проценти од подземните складишта на природен гас во земјите членки до зима.

Португалија е единствената земја која ги наполни своите складишта со природен гас до 97 проценти. Слично на неа, Велика Британија има стапка на исполнетост на складиштата од 94 проценти.

Германија, пак, земја која важи за висок потрошувач на природен гас, ги има исполнето складиштата 62 проценти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.