економија

Германија во разговори со партнерите од ЕУ во врска со санкциите кон Иран

Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт, на прес-конференцијата во Берлин изјави дека на Германија ѝ е жал за повлекувањето на САД од Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA), познат како Ирански нуклеарен договор.

Ayhan Şimşek  | 06.11.2018 - Обновена : 07.11.2018
Германија во разговори со партнерите од ЕУ во врска со санкциите кон Иран

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Германија вчера вети дека ќе продолжи со легитимните деловни односи со Иран во рамките на законот на ЕУ, и покрај потегот на САД за повторно воспоставување санкции за Иран, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт, на прес-конференцијата во Берлин изјави дека на Германија ѝ е жал за повлекувањето на САД од Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA), познат како Ирански нуклеарен договор.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во мај еднострано го повлече Вашингтон од Договорот за нуклеарна програма со Иран и групата земји P5+1 (пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија), кој беше потпишан во 2015 година.

„Во блиска соработка со нашите европски партнери, ги следиме случувањата и ги испитуваме можностите за тоа како да ја заштитиме економската основа врз овој договор и да ги заштитиме нашите компании“, изјави тој.

„Во рамките на законот на ЕУ, правната работа со Иран треба да продолжи, да биде возможна“, нагласи тој.

Вашингтон вчера најави воведување нови санкции кон Иран кои се однесуваат на иранската енергетика, бродоградба, транспорт и финансиски сектор. Повеќе од 700 лица, ентитети, авиони и бродови се наоѓаат на црната листа, вклучувајќи 50 ирански банки и нивните домашни и странски подружници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.