економија, Балкан

Вебинар на тема „Бизнис и инвестициски можности во Северна Македонија“

- Деловниот совет на Турција-Северна Македонија при Одборот за надворешни економски односи (ДЕИК) организираше вебинар на тема „Бизнис и инвестициски можности во Северна Македонија“

Seyyid Emin  | 26.06.2020 - Обновена : 27.06.2020
Вебинар на тема „Бизнис и инвестициски можности во Северна Македонија“

СКОПЈЕ

Деловниот совет на Турција-Северна Македонија при Одборот за надворешни економски односи (ДЕИК) организираше вебинар на тема „Бизнис и инвестициски можности во Северна Македонија“, јавува Агенција Анадолија (АА).

На вебинарот чиј модератор беше д-р Билал Кара, претседател на Деловниот совет на Турција - Северна Македонија на ДЕИК, со свое обраќање учествуваа претседателот на ДЕИК Наил Олпак, д-р Елвин Хасан државен министер задолжен за странски инвестиции во владата на Северна Македонија, Огузхан Бербер, главниот советник за трговија при амбасадсата на Република Турција во Скопје и Главниот извршен директор на Халкбанк - Скопје Билал Суџубаши.

Во својот говор, претседателот на ДЕИК, Олпак, рече дека тие се една од институциите кои со одржување на состаноци во периодот пандемијата на новиот вид на коронавирус (Ковид-19), се стремат на најдобар начин да го поминат процесот кон новите нормални услови.


Честитајќи ѝ на Северна Македонија што стана 30-та членка на НАТО и ги започна преговорите за ЕУ, Олпак рече: „Сега кога ќе се запрашаме кои се нашите заеднички, основни цели, можеме да кажеме дека тоа е поставување на нашата соработка на највисоко ниво, благодарение на нашата пријателство кое силата ја црпи од нашата заедничката историја и култура“.

Осврнувајќи се на договорот за слободна трговија меѓу двете земји, Олпак рече „Кога ќе се потсетиме дека на сила е договорот за слободна трговија, кој дава големи предности за двете држави, би сакал да истакнам дека треба да работиме многу повеќе од аспект на деловниот свет.“


Државниот министер Хасан изјавувајќи дека тој е на оваа позиција веќе еднаипол година и во својот мандат се соочува со тешкиот процес како што е пандемијата, истакна „Посакував да се состанеме и оваа средба да не биде во виртуелно опкружување, туку да биде реализирана со искреноста на турскиот народ, да бидеме сите заедно. Се надевам дека ова ќе се случи наскоро.“

Министерот Хасан одржа две презентации на тема „Деловно опкружување и можности за инвестиции во Северна Македонија“ и „Промоција на Северна Македонија во период на Ковид-19“.

Главниот советник за трговија при амбасада на Турција во Скопје Бербер рече дека односите меѓу Турција и Македонија се многу интензивни.
 Говорејќи за ефектите на коронавирусот врз економијата, Бербер истакна дека аеродромите во Северна Македонија ќе бидат отворени од 1 јули и продолжи со зборовите:

„Ова се процеси што ќе се надминат со текот на времето во почетокот на следната година, заедно со завршување на процесот на коронавирусот. Тоа не треба да нè заплашуваат во овој момент. За наредниот период турските компании треба да продолжат со деловните и инвестициските активности како и претходно.“


Велејќи дека Турција отсекогаш била покрај Северна Македонија и ќе продолжи со таквиот став, Бербер рече дека овие простори секогаш биле важно место за Турција и додаде: „Турција е меѓу првите 10 трговски партнери на Северна Македонија и постојано се натпреварува да биде меѓу првите 5. Вообичаено е на 6 или 7 место. Сметаме дека трговската размена ќе се зголеми уште повеќе во наредниот период.“


Главниот извршен директор на Халкбанк-Скопје Суџубаши рече дека заедно со гледањето на Северна Македонија како мала земја,таа може да се гледа и како на отворена врата кон Источна Европа и кон Европа.

Истакнувајќи дека географската локација на земјата треба да се проценува многу добро, Суџубаши ги посочи следните факти: „Сметам дека доколку направите сеопфатна проценка, повеќе на макро ниво, инвестицијата направена во Северна Македонија може да се смета како инвестиција направена во Европа. Покрај тоа, инвестирањето во Северна Македонија има многу предности.“

Презентацијата на Суџубаши беше заснована врз деловните можности, економските преспективи во Северна Македонија и односите меѓу Турција и Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.