ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот конзул на Велика Британија во Истанбул ја пофали енергичната средина во Турција за британските бизниси.
„Турција во последните неколку години се соочува со предизвици, но големите имиња сè уште заработуваат пари таму и уживаат да бидат во Турција“, рече Џудит Слејтер, која е и комесар за трговија за Источна Европа и Централна Азија.
Во врска со развојот на настаните во турската економија, Слејтер за Anadolu Agency истакна: „Ние сакаме да видиме дали програмата за реформа се одвива и дали помага да се решат некои од предизвиците со коишто во моментов се соочува економијата.“
„Британската страна внимателно ја следи Новата економска програма на Турција, која беше објавена во септември“, рече таа за време на средбата на големите претприемачи во Истанбул.
Слејтер нагласи дека Велика Британија ја организирала средбата во Турција затоа што има доверба во турскиот технолошки сектор.
- Поддршка за компаниите - инвеститори
Според Слејтер, голем број нови технолошки компании од Турција одат во Велика Британија за изнаоѓање фондови за, како што го нарече, прекрасниот екосистем во Турција.
„Значи, ова е прилично впечатливо движење на турските компании од таа природа во Велика Британија. Исто така, сведоци сме на неколку големи инвестиции во текот на годините“, рече таа.
„Моја работа е да им помогнам на британските компании кои сакаат да дојдат во Турција да работат тука, да ги сретнат вистинските луѓе за тоа и да склучат еден вид партнерства, затоа, денешниот настан е главно со цел да се охрабрат турските технолошки компании да одат во Велика Британија“, рече Слејтер.
Таа додаде дека и британските компании, исто така, се охрабруваат да инвестираат во Турција.
„Британскиот конзулат и Британската стопанска комора им помагаат и на турските и на британските компании и им даваат бесплатни совети за инвестирање и изнаоѓање бизнис-партнери и информации“, рече таа.
„Соработувајте со нас, ќе помогнеме во растот на обемот на билатералната трговска размена од 23 милијарди долари, што веќе ја имаме помеѓу Велика Британија и Турција“, порача британската конзулка.
- Продолжување на билатералната соработка -
Во врска со процесот за Брегзит, таа предупреди дека членството на Турција во Царинската унија на ЕУ ја отежнува трговијата меѓу двете земји.
„Но, ние сме навистина одлучни да се осигуриме дека можеме да помогнеме билатералната трговска размена од 23 милијарди долари да се одржи и во иднина да се зголеми“, рече Слејтер.
Во извештајот на Светската банка за земји каде што е најлесно да се води бизнис, Турција е на 33. место, додека Велика Британија е на 9. место.
Турција има бројни олеснувања, даночни намалувања и право за државјанство за странските инвеститори во многу области.
news_share_descriptionsubscription_contact
