Halil Demir
17 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку осум странски државјани се приведени денес во Истанбул поради основано сомнение дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на истанбулската полиција од Одделот за борба против тероризмот спроведоа акција за приведување на лицата за кои постои сомнение дека дејствуваат за терористичката организација ДЕАШ, како и дека претходно престојувале на боиштата во Ирак и во Сирија.
Полицијата по собраните информации рано утринава изврши претреси на вкупно 12 адреси и од слобода лиши осум лица, странски државјани. За време на претресот се запленети голем број документи и дигитален материјал.
Осомничените потоа се префрлени во полицијата заради на понатамошно криминалистичко процесуирање.