Faruk Zorlu
16 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
НАГАНО (АА) - Странските инвеститори треба да ги вложат своите средства во турската растечка економија, порача турскиот министер за животна средина и урбанизација на денешниот состанок на Г-20 во Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги повикуваме странските инвеститори да инвестираат во нашата земја, која е профитабилна во однос на инвестициските можности“, нагласи Мурат Курум за време на сесијата на Министерскиот состанок на Г-20 за енергетските транзиции и животната средина кон одржлив раст во 2019 година, кој се одржува во јапонскиот град Нагано.
Министрите за енергетика и животна средина на земјите од групата Г-20 се собраа во Јапонија во саботата, за првпат во историјата на групата.
Средбата треба да заврши вечерва.
Групата Г-20 е составена од 19 посебни држави и Европската Унија. Економиите на земјите од групата учествуваат со околу 90% од бруто-светскиот производ и 80% од светската трговија.