економија

Европската Унија со финансиска поддршка за пчеларството

Во наредните три години ќе се обезбеди финансиска поддршка од вкупно 120 милиони евра за овој сектор

Ata Ufuk Şeker  | 17.06.2019 - Обновена : 18.06.2019
Европската Унија со финансиска поддршка за пчеларството

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ќе обезбеди ресурси од 120 милиони евра за поддршка на секторот на пчеларството, пренесува Anadolu Agency (AA).

Европската комисија соопшти дека се донесени нови мерки за поддржување на пчеларскиот сектор.

Според тоа, во наредните три години ќе се обезбеди финансиска поддршка од вкупно 120 милиони евра за овој сектор.

Со оваа финансиска поддршка ќе се финансираат различни програми, како обука за пчелари, истражување, и кредит за тие кои сега почнуваат да функционираат во овој сектор.

Програмите за кои ќе се обезбеди поддршка ќе се утврдат од страна на надлежните институции на земјите членки на ЕУ.

Според податоците, во земјите членки на ЕУ има околу 600.000 пчелари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın