Övünç Kutlu
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
ЊУЈОРК (АА) - За првпат во историјата на која било компанија, пазарната капитализација на американскиот технолошки гигант „Apple“ денес достигна 900 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Цената на акциите на „Apple“ се искачи високо на 174,26 долари од акција кратко по отворањето на берзата во САД, искачувајќи се за 3,65 отсто по вчерашната завршна цена од 168,11 долари од акција.
Со зголемувањето на цената на акциите, компанијата со највисока пазарна капитализација во светот ја достигна својата пазарна вредност од 900 милијарди долари.
„Apple“ ова историско ниво го постигна откако синоќа прикажа силни финансиски резултати.
Компанијата во својот финансиски извештај наведува дека нејзиниот нето-приход се зголемил за 18,9 отсто, на 10,71 милијарди долари во периодот од јули до септември оваа година, од 9,01 милијарди долари истиот период минатата година.
Приходите изнесуваа 52,58 милијарди долари во периодот од јули до септември, што е зголемување за 12,2 отсто од 46,85 милијарди долари претходната година.
„Apple“ исто така покажа силен раст во продажбата на „iPhone“, „iPad“ и „Mac“, како и на други производи како што се „Apple TV“ и „Apple Watch“, како и зголемување на приходите од услуги како „AppleCare“ и „Apple Pay“.
Најголемата американска технолошка компанија „Apple“, која ја прославува 10-годишнината од својето постоење, денес го пушти во продажбата најновиот модел на паметниот телефон „iPhone X“.
Вредноста на акциите и пазарната вредност на „Apple“ би можеле дополнително да пораснат доколу продажбата на „iPhone X“ ги победи очекувањата и компанијата покаже силен раст во периодот од октомври до декември оваа година, велат експертите.