Güç Gönel
01 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денеска во Истанбул порача дека главната сила на неговата земја во следните 10 години ќе бидат инвестициите и извозот, области коишто во првата половина од оваа година сочинуваа 3,9 проценти од вкупната стапка на економски раст на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим зборуваше во Истанбул, во рамките на Неделата на Советот на турските извозници, и по овој повод се осврна на темите инвестиции и економија.
Турскиот премиер истакна дека главната сила на Турција во следните 10 години ќе бидат извозот и инвестициите во оваа земја.
Според него, ова укажува на фактот дека 3,9 од вкупниот економски пораст во Турција, во првата половина од оваа година е остварен токму во овие две области.
„Продолжуваме со нашата решеност од Турција да направиме голем трговски центар, не само во регионот, туку и во целиот свет. Нашата примарна цел е да се формира конкурентна економска инфраструктура, која произведува додадена вредност и во којашто фокусот ќе биде истражување, развој, иновативност и бренд“, изјави Јилдирим.
Тој додаде дека извозот на Турција во октомври оваа година се зголеми за 15,6 отсто, во споредба со истиот период минатата година, и изнесуваше 13,5 милијарди долари.
„Овој резултат е најдобар во последните 10 години. Ако погледнеме на растот на извозот, во просек тој изнесува 11 проценти“, рече Јилдирим.