İlhami Erkılıç
23 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
ЕРЗУРУМ (АА) - Министерот за развој на Република Турција, Луфти Елван, изјави дека Турција во 2017 година остварила економски раст во износ од седум проценти, и заедно со Кина и Индија, е меѓу земјите со најголем економски раст во светот, јавува Anadolu Ageny (AA).
Елван престојуваше во турскиот град Ерзурум, каде што зборуваше за економијата на Турција. Тој истакна дека Турција, додека води борба против тероризмот, истовремено вложува огромни напори и за понатамошно зајакнување на економијата.
Според Елван, Турција е успешна во двете насоки.
„Турција има остварено голем напредок во борбата против тероризмот. Но, ние, истовремено работиме и на зајакнувањето на нашата економија. Турција во 2017 година покажа еден исклучително висок раст кој го импресионира светот. Минатата година, остваривме раст поголем од седум проценти. Tурција, заедно со Кина и Индија, е меѓу земјите кои имаат најголем економски раст“, рече Елван.
Тој, исто така, рече дека турската економија расте здраво и успешно, и дека во овој период побарувачката и инвестициите, како и извозот, позитивно придонесуваат за економскиот раст.