Emre Gürkan Abay
07 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
МОСКВА (АА) - Приходите од извозот на природен гас на рускиот дистрибутер на гас „Гаспром“ се намалија за 52,6 отсто во периодот јануари-мај во однос на истиот период минатата година, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што наведува Федералната царинска служба на Русија, приходите од извозот на природен гас во овој период се намалени на 9,7 милијарди долари.
Обемот на извозот на природен гас на „Гаспром“ преку гасоводите во првите пет месеци во однос на истиот период минатата година се намали за 23,3 отсто, на 73 милијарди кубни метри.
Во истиот период вкупните приходи од извозот на природен гас се намалија за 52,6 отсто.
Според податоците на Федералната царинска служба на Русија, заработката на „Гаспром“ минатата година во однос на претходната се намали за 17 отсто, на 1,2 билиони рубљи (околу 17 милијарди долари).
Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во јуни соопшти дека поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот и исклучително благата зима на подрачјето на северната хемисфера, глобалната побарувачка на природен гас оваа година би можела да падне најмногу досега.
Од ИЕА очекуваат дека глобалната побарувачка за гас во 2020 година би можела да падне за четири отсто, што би било двојно повеќе од падот на побарувачката за време на финансиската криза во 2008 година.
Иако се очекува закрепнување во 2021 година, ИЕА сепак не предвидува брзо враќање на преткризната состојба во секторот за природен гас.