Ekip
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
БРИСЕЛ
Пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) ја погоди европската економија многу потешко од очекуваното, изјави Паоло Џентилони, европскиот комесар за економија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според летната економска прогноза на ЕУ за 2020 година, бруто домашниот производ (БДП) на блокот се очекува да се намали на 8,3 отсто во 2020 година и да порасне за 5,8 отсто следната година.
Овие бројки покажуваат потешка криза отколку што беше предвидена од пролетната економска прогноза на Европската комисија.
Падот на економијата за 2020 година е значително поголем во споредба со 7,4 отсто предложени во мај а порастот во 2021 ќе биде помалку стабилен отколку што се очекуваше претходно.
„Патот до закрепнувањето е сеуште неизвесен“, изјави Џентилони, нагласувајќи дека европските лидери треба наскоро да се договорот за планот за закрепнување.
Франција, Италија и Шпанија ќе бидат најтешко погодени од рецесијата меѓу земјите на ЕУ, според најновите податоци. Нивните економии може да се намалат, соодветно, за 10,6, 11,2 и 10,9 отсто од БДП.
Германија, Холандија и Полска можат да се подготват за помал пад од 6,3, 6,8 и 4,6 отсто.