Muhammed Boztepe
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
АНКАРА (АА) – Од Анкара полета воен транспортен авион кој превезува медицинска помош за Соединетите Американски Држави (САД), најпогодената земја од епидемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турција, со инструкции на премиерот Реџеп Таип Ердоган, на САД, земјата која е најпогодена од епидемијата на Ковид-19, им испратија медицинска помош што се состои од хируршки маски, заштитни маски за лице, маски „N95“, заштитна облека и други материјали за превентивна заштита.
Материјалите подготвени од министерствата за одбрана и здравство беа натоварени на транспортниот авион од типот „А 400М“.
На пакетите со медицинска помош беа напишани зборовите на поетот Мевљана „По безнадежноста има многу надежи. По темнината има многу сонца“, на турски и англиски јазик.
Со транспортниот авион од типот „А 400М“ на Турските вооружени сили претходно беше испратена помош за Северна Македонија, Италија, Шпанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Велика Британија и Сомалија.