Mücahit Oktay
28 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Со коронавирусот е заразена и активистка која организираше протести поради мерките за ограничување на движењето во екот на пандемијата на Ковид-19 во американската сојузна држава Северна Каролина, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Одри Витлок е позитивна на тестот за коронавирусот, а локалната телевизија „Ве-ен-си-ен“ (WNCN) јави дека станува збор за активистка која ги организирала протестите и води кампања против мерките за ограничување на движењето во екот на пандемијата, за кои изјави дека ги кршат основните и уставните слободи на Американците.
По сознанието дека е заразена, Витлок на социјалните мрежи го обвини модерното општество за неуспехот во борбата против заразните вируси.
Во Северна Каролина со коронавирусот заразени се 9.142 луѓе, а починале 306 заболени лица.
Гувернерот на таа американска држава, Рој Купер, ја пролонгираше кампањата „Остани дома“ до 8 мај, а училиштата нема да се отворат до август.