Ekip
17 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
МИНХЕН (АА) - Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, изјави дека безбедносниот сојуз на Европската унија и Велика Британија ќе преживее по Брегзит, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јункер зборуваше откако британската премиерка Тереза Меј ги повика партнерите од ЕУ да не дозволат ригидните институционални ограничувања да се мешаат во големото безбедносно партнерство.
„Верувам, бидејќи не сме во војна со Велика Британија и не сакаме да се осветиме поради одлуката на нејзините граѓани, дека овој безбедносен сојуз, безбедносен мост меѓу Велика Британија и ЕУ ќе биде одржан.Тој ни е потребен и понатаму“, изјави Јункер на Минхенската конференција за безбедност.
Јункер нагласи дека идните безбедносни односи не смеат да се мешаат со другите прашања поврзани за Брегзит, додавајќи дека треба да се разгледуваат поединечно.