Satuk Buğra Kutlugün
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
САРАЕВО (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, изјави дека безбедноста и стабилноста на Балканот значи стабилност на Европа и Блискиот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со борбата против тероризмот во Сирија и Ирак, Турција го спречува бранот бегалци и тероризмот кон Балканот и Европа“, изјави Јилдирим по состанокот со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ во Сараево.
Јилдирим го коментираше и денес објавениот извештај за минатогодишниот економски раст на Турција од 7,4 отсто и изјави дека тоа не е изненадување, туку плод на плански и оддржлив развој што го има Турција за тековната година.