Samir Kajoševic
20 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
ПОДГОРИЦА
Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ рече дека го поздравува отворањето на преговорите со Северна Македонија и на Албанија за члество во Европската унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Ѓукановиќ на состанокот со амбасадорите на државите членки на Европската Унија (ЕУ) во Подгорица, истакна дека Црна Гора ќе истрае на поступатите на мултиетничко граѓанско општество кое го усвојува европскиот систем на вредности.
„Во врска со актуелната тема на односот на црквата и државата, можам да кажам дека Црна Гора ќе истрае на постулатите на мултиетничкото граѓанско општество кое го усвојува европскиот систем на вредности. И да, и покрај бројните политички притисоци, компромис со националистите и со оние кои сакаат да го уништат наследството на оваа генерација - нема да има", рече Ѓукановиќ.
Како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, црногорскиот претседател рече дека владеењето на правото ќе биде клучен приоритет на државната политика.Тој истакна дека владеењето направото е предуслов наекономскиот развој и соработката со кредибилни партнери.
„Европеизацијата и понатаму е пат без алтернатива за регионот во кој и денес се водат тешки битки за европската перспектива. Понатамошна европеизација е суштински интерес и на регионот и на ЕУ и во тој контекст го поздравувам отворањето на прегвоорите со Северна Македонија и Албанија, што е поттикнувачки за сите", рече Ѓукановиќ.
На состанокот амбасадорот на Република Хрватска Веселко Грбушиќ ја пофали реакцијата на црногорските државни органи во борбата против коронавирусот, како и репатријацијата на хрватските и граѓаните од другите европски земји.
„Црна Гора ја вреднуваше помошта на достојанствен начин и покажа дека е вистински сојзник, држава на која може да се смета. Црна Гора исто така може да смета на ЕУ и во процесот на економското опоравување",рече Грубашиќ.
Шефот на делегацијата на ЕУ во Црна Гора Аиво Орав потсети на големата помош на ЕУ за Црна Гора и изрази задоволство, за, како што рече, комуникацијата помеѓу пријателите. Тој рече дека ЕУ искажала интерес за економското опоравување на државата и создавање амбиент за уреден и проактивен инвестициски амбиент.