Mümin Altaş
30 Март 2021•Ажурирај: 31 Март 2021
АНКАРА (АА) - Шефот на Одделот за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун, објави порака со сочувство по повод смртта на Зафер Вејсел, вработен во Сервисот на Агенција Анадолија (АА) на албански и македонски јазик во Скопје.
Алтун на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека со голема тага ја примил веста за смртта на Вејсел.
„Посакувам Божја милост за нашиот брат Зафер, а на неговото семејство, најблиските, управата на Агенција Анадолија и вработените им изразувам сочувство. Почивај во мир“, напиша Алтун.
Зафер Вејсел почина денес од последици предизвикани од коронавирусот (Ковид-19). Тој беше дел од персоналот на Агенција Анадолија (АА) на албански и македонски јазик од 2015 година.
Вејсел учествуваше во создавањето на техничката инфраструктура на Сервисот на АА на македонски јазик и Сервисот на албански јазик во Скопје.