Diyar Güldoğan
01 Септември 2022•Ажурирај: 02 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе замине за Србија за да присуствува на Самитот за иницијативата „Отворен Балкан“, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Чавушоглу од денеска ќе престојува во дводневна посета на српскиот главен град Белград“, се вели во соопштението на Министерството.
„Министерот Чавушоглу ќе се обрати на отворањето на Самитот што ќе се одржи во Белград и ќе има билатерални средби на маргините на Самитот“, се додава во соопштението.
Иницијативата „Отворен Балкан“ опфаќа економска и политичка зона меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија, а целта е зајакнување на можностите за трговија и студентска размена за околу 12 милиони луѓе, како и поттикнување на интеграцијата на трите земји во ЕУ.