AA
24 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
ПОДГОРИЦА (АА) - Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е позитивен на коронавирусот, откако, како што е претходно соопштено, имал контакт со позитивно лице на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Претседателот има благи симптоми и се чувствува добро. Во согласност со епидемиолошките мерки престојува во самоизолација и оттаму ќе ги извршува редовните претседателски должности“, соопштено е од Кабинетот на Ѓукановиќ.
Ѓукановиќ претходно ги откажа сите закажани состаноци, вклучително и средбата со претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп.