Adel Ömeragic
04 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Црна Гора утре во Вашингтон ќе го предаде на Соединетите Американски Држави (САД) документот за пристапување во НАТО, со што официјално ќе стане членка на Северноатланската алијанса, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Владата на Црна Гора соопштија дека премиерот Душко Марковиќ отпатувал за Вашингтон во врска со членството на Црна Гора во НАТО и по повод средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс.
Како што е наведено, на церемонијата на предавање на документот ќе присуствува, меѓу другите и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Беше најавено дека Марковиќ и Столтенберг ќе ѝ се обратат на јавноста.
Документот - инструмент за пристап, во име на Црна Гора ќе го достави министерот за надворешни работи, Срѓан Дармановиќ, во Стејт департментот, во 12 часот по американско источно, односно во 18 часот средноевропско време.