Adel Omeragic
11 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора од утре се укинува забраната за излегување од домовите што беше на сила од полноќ до 5 часот наутро, како и забраната за одвивање на меѓуградскиот сообраќај во текот на викендите, соопшти Министерството за здравје на Црна Гора, известува Агенција Анадолија (АА).
Ова министерство информираше дека поради поволниот тренд на епидемиолошката ситуација, од утре до 20 мај во сила стапуваат нови либерализирани мерки.
„Терминот за изведување на музика во живо во градините на угостителските објекти се поместува за еден час и се дозволува од 19 до 22 часот“, соопштија од црногорското Министерство.
Во исто време упатен е повик до граѓаните и бизнисмените што покажале завидна свест за значењето на сочувувањето на јавното здравје, да продолжат да ги почитуваат пропишаните мерки и апелираа до сите инспекции уште поревносно да ги извршуваат контролите.
„Во случај на влошување на епидемиолошката ситуација, повторно, без одлагање ќе биде актуализирана забраната за меѓуградски сообраќај и временското ограничување на слободата на движење“, објави Министерството за здравје на Црна Гора.