Adel Ömeragiç
15 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Црногорскиот Парламент на денешната вонредна седница го одобри отворањето на кривична постапка и одредувањето притвор за пратениците на Демократскиот фронт (ДФ), Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ. За укинувањето на имунитетот на пратениците на ДФ гласаа 42 пратеници, јавува Anadolu Agency (AA).
Специјалното државно обвинителство упати барање за укинување на пратеничкиот имунитет на Мандиќ и Кнежевиќ, поради сомнение дека двајцата пратеници сториле кривични дела создавање на криминална организација и подготвување на дело против уставниот поредок и безбедноста на Црна Гора, извршено по пат на поттикнување, со цел за вршење кривични дела од областа тероризам.
Според наводите на Обвинителството, постои основано сомневање дека Мандиќ и Кнежевиќ станале членови на криминалната организација што во 2015 година ја основале Едвард Широков и Владимир Попов, со цел вршење на кривични дела тероризам и други кривични дела.
Пред Собранието излегоа поддржувачите на ДФ, а пратениците од оваа група ги дочекаа на платото пред Собранието.