Adel Omeragic
21 Октомври 2021•Ажурирај: 22 Октомври 2021
ПОДГОРИЦА (АА) - Припадниците на Специјалниот полициски оддел на Црна Гора утрово го уапсија поранешниот директор за национална безбедност, Дејан Перуничиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој е уапсен во состав на истрагата која Специјалното државно обвинителство ја подигна откако во средата е пронајден уред за прислушкување во канцеларијата на главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ.
Од полицијата неофицијално е соопштено дека се сомневаат дека прислушниот апарат бил поставен во период додека директор на тајната полиција бил Перуничиќ. Засега не е познато дали уредот бил активен и кој ги прислушкувал обвинителите.
По повод овој случај Специјалното државно обвинителство ќе соопшти повеќе детали.
На Перуничиќ и на поранешниот агент за тајна придружба, Срѓа Павичевиќ, веќе им се суди за нелегално снимање и следење на неколку луѓе, вклучително и политичари и новинари.