Adel Omeragic
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
ПОДГОРИЦА
Пратениците од владејачкото мнозинство во Собранието на Црна Гора доцна синоќа одбија во дневниот ред да ја стават предлог Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, кој го предложи Бошњачка странка (БС), јавува Агенција Анадолија (АА).
Предлог Резолуцијата за геноцидот во Сребреница содржеше текст во кој се осудува и признава дека во Сребреница во јули 1995 година се случил геноцид и дека се убиени повеќе од 8.000 Бошњаци. Исто така, текстот на резолуцијата предвидува и 11 јули да се прогласи за Ден на сеќавање на жртвите на Сребреница.
По одлуката на Собранието да одбие предлогот на резолуцијата да биде ставен на дневен ред, од Бошњачка странка е соопштено дека власта со ваквото постапување праќа порака дека не сака вистинско помирување.
„За жал, со ваквиот однос кон прашањето за геноцид за кој постои пресуда, актуелната власт испраќа порака дека не сака вистинско помирување и дека не е спремна да тргне процесот на соочување со минатото. Непризнавањето на геноцидот во Сребреница за семејствата на 8.372 страдани Бошњаци повторно отвора рани", соопштено е од Бошњачка странка.