Samir Kajoševic
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ПОДГОРИЦА (AA) - Во Црна Гора регистрирани се 14 нови случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора рекоа дека денес се анализирани 16 примероци.
„Четири новозаболени се регистрирани во Подгорица, во Никшиќ девет и еден во Херцег Ноци. Од тоа 13 новозаболени се контакти на претходно познати случаи додека за изворот за инфекцијата и понатаму се трага кај еден случај", истакнаа од Институтот.
Во Црна Гора од Ковид-19 вкупно се заразени 174 лица.