Yusuf Özcan
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 6.507 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Жероме Саломон, генерален директор во Министерството за здравство на Франција на прес-конференција истакна дека во последните 24 часа кај 5.233 лица е откриен Ковид-19, со што вкупната бројка на лица заразени со овој вирус во земјата се искачи на 64.338 лица.
Саломон информираше дека 6.662 од вкупно заразените лица со Ковид-19 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица се искачи на 14.008.
Според Саломон, во последните 24 часа починале 588 лица во болниците, со што вкупната бројка на починати во болниците се зголеми на 5.091 лица. Тој нагласи дека од 1 март досега во старските домови во земјата починале 1.416 лица, со што вкупната бројка на починати во болниците и старските домови ширум земјата изнесува 6.507 лица.
Тој рече дека поради проблемот со капацитет на болниците, досега вкупно 506 лица биле пренесени во други болници.