Samir Kajoševic
12 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани 57 нови случаи на коронавиусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравство соопштија дека се анализиани 433 примероци од кои 57 биле позитивни.
„Најмногу новозаразени се од Подгоица, 32. Регистрирани се осум случаи во Никшиќ, шест во Пљеваљ, четири во Котор, по два во Рожаје и Беране и по еден во Херцег Нови, Улцињ и Бар", соопштија од Институтот.
Во Црна Гора од почетокот на јуни се регистрирани 897 случаи на коронавирусот од кои 14 завршиле со смртен исход.