Mehmet Tosun
12 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 194.515, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 45.232 тестирања за Ковид-19, од кои 1.012 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 19 лицa како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.298 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 3.975.455 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 212.993 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 5.363 лица.
На интензивна нега се наоѓа 1.209 лицa, 409 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 194.515 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Петте градови каде просечната бројка на лица на интензивна нега е највисока се следни: Истанбул, Шанлиурфа, Анкара, Газиантеп и Коња. Уште повеќе да ги почитуваме мерите за да добиеме очекувани резултати“, напиша Коџа.