Балкан

Црна Гора: Отстранета бомба од Втората светска војна

„Бомбата ја отстранија службениците на Директоратот за вонредни ситуации на МВР, со придружба на полицијата, во согласност со стандардните оперативни процедури“, се соопштува од Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.

Adel Omeragic  | 16.11.2018 - Обновена : 17.11.2018
Црна Гора: Отстранета бомба од Втората светска војна (Фото: Министерство за внатрешни работи на Црна Гора)

Montenegro

ПОДГОРИЦА (АА) - Бомба тешка околу 1.000 килограми од Втората светска војна е отстранета денес од градилиште на автопатот во близина на Колашин, во северниот дел на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).

Бомбата ја пронашле работниците на кинеската компанија CRBC, која ја гради делницата на автопатот од Смоковац до Колашин.

Бомбата е пронајдена при извршување на работата на локалитетот Јабука кај мостот „Taра II“, а отстранета е на безбедна локација каде што ќе се чекаат поволни услови за нејзино уништување.

„Бомбата ја отстранија службениците на Директоратот за вонредни ситуации на МВР, со придружба на полицијата, во согласност со стандардните оперативни процедури“, се соопштува од Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.