Балкан

Косово: Во сообраќајна несреќа повредена турската амбасадорка

Амбасадорката на Турција во Косово Кивилџим Килич е повредена, додека три лица настрадаа во сообраќајната несреќа која се случи денес попладне околу 17 часот кај селото Мрамор, на патот Приштина-Гњилане.

Zülfiya Yakup  | 17.11.2018 - Обновена : 17.11.2018
Косово: Во сообраќајна несреќа повредена турската амбасадорка

Pristina

ПРИШТИНА (AA) – Амбасадорката на Турција, Кивилџим Килич е повредена, додека три лица загинаа во сообраќајна несреќа, која се случи денес попладне околу 17 часот кај село Мрамор, на патот Приштина-Гњилане, јавува Anadolu Agency (AA).

Екрем Мустафа, министерот за внатрешни работи на Косово потврди дека во сообраќајката загинале три лица, додека лекарите се борат да го спасат животот на четвртата жртва.

„Вкупно 10 лица беа вклучени во несреќата, од тоа седум се повредени. Во сообраќајката учествуваа три автомобили", рече Мустафа, по посетата на Клиничкиот универзитетски центар на Косово во Приштина.

Тој рече дека здравствената состојба на амбасадорката на Турција, Килич, е добро и дека и е повредено десното рамо.

„Ја посетив, има малку болки, но воглавно е во добра здравствена состојба", рече министерот.

Тој нагласи дека повеќе детали за околностите на несреќата ќе се знаат кога сообраќајни експерти и надлежен обвинител кој е на местото на настанот, ќе објават свој извештај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.