Samir Kajoševic
23 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора регистрирани се осум нови случаи на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора кажаа дека биле анализирани 85 примероци, од кои осум биле позитивни на коронавирусот Ковид-19.
„Четири новозаразени се од Подгорица, тројца од Рожаје и еден од Бар. Тројца се контакти на претходно позитивни случаи, додека за петмината се бара изворот на инфекцијата“, наведуваат од Институтот.
Во Црна Гора моментално има 51 активен случај на коронавирусот.