Adel Omeragic
13 Август 2021•Ажурирај: 17 Август 2021
ПОДГОРИЦА
Со Клањање на џума-намаз на градскиот плоштад во Плав, денес е одбележана 550 годишнината од постоењето на Царската џамија, известува Агенција Анадолија (АА).
Царската џамија во Плав изградена е во 1471 година. Кај народот е позната и како Стара или Дрвена џамија. Се смета за најстара османлиска џамија во Црна Гора, па како таква претставува непроценлива вредност за градот Плав, исламската заедница во Црна Гора, како и самата држава Црна Гора. Оваа година се навршуваат 550 години од постоењето на Царската џамија во Плав.
Исламската заедница во Црна Гора со клањање на џума-намаз на градскиот плоштад во Плав го одбележа овој значаен јубилеј.
Во својата хутба, реисот на Исламската заедница на Црна Гора, Рифат еф. Фејзиќ рече „џамијата со векови нѐ собира и нѐ учи да ги чуваме верата, намазот и традицијата“.
„Денес се потсетуваме себеси дека со џума-намаз го чуваме она што е чувано со векови и она што ќе го чуваат генерациите по нас. Сочувувањето на џамиите е знак на верување во Алах и во Судниот ден“, рече реис Фејзиќ.
Тој истакнаа дека познато е дека голем број Плавјани и Гусињани заминале ширум светот барајќи нафака.
„Добро е познато дека оваа џамија и многу други, остана во срцата и кај луѓето што заминаа преку океанот. Оваа џамија е постара од Соединетите американски држави, каде голем број наши верници најдоа свој нов дом. Тоа треба да им биде потсетник да не го заборават родниот крај, каде и да се наоѓаат и каде и да живеат. Многу наши предци ги дадоа своите животи, за да можеме ние денес да ги имаме овие џамии. Тука се умирало, за денес ние да живееме. Оттука се исселуваа, за ние да живееме“, порача реис Фејзиќ.