Stipe Majic
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во изминатите 24 часа регистрирани се 1.165 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2 и 32 смртни случаи предизвикани од овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува вкупно 14.734“, извести Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска.
Од нив 1.127 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се приклучени 94 пациенти.
Починаа 32 лица, што е најголем број од почетокот на епидемијата во земјата.
„Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, до денес евидентирани се вкупно 52.660 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 594 починаа, а вкупно 37.332 лица оздравеа, од кои 2.293 во последните 24 часа“, наведе Штабот.
Во самоизолација се наоѓаат 25.925 лица.
До денес тестирани се вкупно 507.163 лица, од кои 5.115 во последните 24 часа.
Бројките се во пораст со оглед на тоа што во текот на викендот се прави помал број тестирања отколку во средината на неделата, со што и бројот на евидентирани заразени е помал.