Gorana Jakovljevic
06 Декември 2020•Ажурирај: 07 Декември 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа, во Република Хрватска регистрирани се 2.899 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во земјата изнесува 23.740, покажуваат денешните податоци на хрватскиот Штаб за цивилна заштита, пренесува Агенција Анадолија ( АА).
Од нив 2.543 пациенти се на болничко лекување, од кои 264 се на респиратор, додека починати се 72 лица.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, евидентирани се вкупно 150.353 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 2.174 починаа, вкупно 124.439 се излекувани, од кои 3.582 во последните 24 часа.
Во самоизолација во моментов се наоѓаат 57.295 лица, од кои 9.340 во изминатите 24 часа.