Büşra Selvi Öğütcen,Nazlı Yüzbaşıoğlu
06 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
АНКАРА - Од почетокот на појавата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) досега, во светот се детектирани повеќе од 66.884.050 лица позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, вкупниот број на смртни случаи на светско ниво се зголеми на 1.535.027.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 66.884.054, додека оздравеа 46.268.617 заразени.
САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот. Во САД вкупно број на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 14.983.425, додека од последици на заразеност со коронавирусот животот го загубија 287.825 заразени.
Земји во светот, покрај САД, во кои вкупниот број на заразени надминува 500.000:
Индија (9.644.529), Бразил (6.577.177), Русија (2.431.731), Франција (2.281.475), Италија (1.709.991), Велика Британија (1.705.971), Шпанија (1.699.145), Аргентина (1.459.832), Колумбија (1.362.249), Германија (1.170.095), Мексико (1.168.395), Полска (1.054.273), Иран (1.28.986), Перу (972.688), Украина (813.306), Јужноафриканска Република (810.449), Турција (797.893), Белгија (589.942), Индонезија (569.707), Ирак (562.520), Чиле (558.668), Холандија (550.445), Чешка (544.148) и Романија (508.345).
Земји во светот во кои, покрај САД, бројката на смртни случаи надминува 10.000:
Бразил (176.641), Индија (140.216), Мексико (109.456), Велика Британија (61.014), Италија (59.514), Франција (54.981), Иран (50.016), Шпанија (46.252), Русија (42.684), Аргентина (39.632), Колумбија (37.633), Перу (36.231), Јужноафриканска Република (22.067), Полска (19.861), Германија (18.975), Индонезија (17.589), Белгија (17.254), Чиле (15.592), Турција (14.705), Еквадор (13.756), Украина (13.588), Канада (12.589), Ирак (12.411) и Романија (12.186).