Балкан, Коронавирус

Хрватска: Со коронавирусот заразени уште 212 лица, три нови смртни случаи

Од почетокот на епидемијата во Хрватска тестирани се вкупно 289.024 лица, од кои 4.575 во последните 24 часа

Aldijana Hadzic  | 26.09.2020 - Обновена : 27.09.2020
Хрватска: Со коронавирусот заразени уште 212 лица, три нови смртни случаи

ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа во Хрватска евидентирани се 212 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, со што бројот на активни случаи во земјата изнесува вкупно 1.333, јавува Агенција Анадолија (AA).

Меѓу нив 271 пациент се на болничко лекување, од кои 25 се на респиратори.

Починаа уште три лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, до денес евидентирани се вкупно 16.007 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 269 починаа, а вкупно 14.405 лица оздравеа, од кои 102 во последните 24 часа.

Во самоизолација моментално се наоѓаат 9.257 лица.

Досега се тестирани вкупно 289.024 лица, од кои 4.575 во последните 24 часа, покажуваат податоците на Штабот за цивилна заштита на Хрватска.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın