свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во Индија починаа уште 1.089 лица, во Бразил 729, а во Мексико 405

Oд Ковид-19 во Индија досега починаа вкупно 93.379 лица, а со вирусот се заразија 5.903.932 лица

Gamze Türkoğlu Oğuz, Sinan Doğan  | 26.09.2020 - Обновена : 27.09.2020
Од Ковид-19 во Индија починаа уште 1.089 лица, во Бразил 729, а во Мексико 405

АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 1.089 лицa, во Бразил 729, а во Мексико 405, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека од Ковид-19 во земјата починале уште 1.089 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 93.379.

Покрај тоа, во последните 24 часа се откриени уште 85.362 случаи со овој вирус.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 5.903.932.

Досега во земјата, која има популација од над 1,3 милијарда, од Ковид-19 оздравеа 4.849.584 лица.

- Бразил -

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 729 лицa во изминатото деноноќие, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 140.537 лицa.

Дијагностицирани се нови 31.911 новозаразени, со што вкупниот број на евидентирани случаи со коронавирусот порасна на 4.689.613.

Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 4.040.949.

- Мексико -

Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 405 лица.

Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 75.844.

Во Мексико се откриени 5.401 нов случај на коронавирусот, со што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 720.858.

Досега во земјата оздравеа 518.204 лица претходно заразени со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.