Adam Abu-bashal
26 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 452 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.149 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.452.768.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 154 лицa, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 34.912.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (16.312 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.853) и Алжир (1.998 смртни случаи).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (668.529), по која следуваат Мароко (112.522) и Египет (102.625).
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 1.199.597 лица.