Stipe Majic
11 Август 2021•Ажурирај: 15 Август 2021
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа регистрирани се 381 случај на зараза со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), а не се евидентирани смртни случаи, известува Агенција Анадолија (АА).
Штабот на цивилната заштита на Република Хрватска соопшти дека бројката на активни случаи на коронавирус во Хрватска изнесува 1.398.
Меѓу нив 196 заразени се на болничко лекување, од кои на респиратор се 21 пациент.
Во последното деноноќие не е регистриран ниту еден смртен случај поради Ковид-19.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска досега, регистрирани се 365.716 лица заразени со новиот тип на коронавирус, од кои животот го загубија 8.275 заразени. Досега оздравеа 356.043 лица, од кои 160 во последните 24 часа“, информира Штабот за цивилна заштита.
Во самоизолација се наоѓаат 3.994 лица.
Досега е спроведено тестирање на 2.372.235 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 8.071 во последните 24 часа.
Заклучно со 10 август, во Хрватска администрирани се 3.140.874 дози вакцини, при што е вакцинирано 41,1 процент од вкупното население на земјата, односно 49,4 проценти од возрасната популација. На 10 август администрирани се 9.340 дози вакцини, од кои 2.807 лица биле вакцинирани со првата доза.
Заклучно со 1 август, вакцинирани се 1.667.896 лица со барем една доза од вакцината, од кои вакцинацијата е завршена за 1.529.492 лица (1.472.978 лица се вакцинирани со две дози вакцина, а 56.514 лица се вакцинирани со вакцината Џансен која се дава во една доза), што претставува 43,37 проценти од возрасното население.