Ekipa
13 Март 2020•Ажурирај: 14 Март 2020
МАДРИД (АА) - Премиерот на Шпанија, Педро Санчес, прогласи 15-дневна вонредна состојба во земјата поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Санчес преку телевизија ги соопшти одлуките преземени во рамки на борбата против Ковид-19.
Тој нагласи дека го информирал кралот Фелипе Шести во врска со оваа тема.
„Со декретот што ќе биде потпишан утре на вонредниот состанок на Советот на министри, во цела Шпанија се прогласува 15-дневна вонредна состојба“, рече тој.
„Се наоѓаме сами на најпредната линија на фронтот на оваа борба која се води низ светот. Борбата ќе трае со недели, ќе биде тешко, но ќе го надминеме тоа“, додаде Санчес.
Шпанскиот премиер истакна дека Шпанија е во итна алармантна состојба поради Ковид-19, и дека треба да дадат брз и моќен одговор против оваа криза.
Санчес препорача да не се патува доколку не е задолжително, да не се излегува на улица и да се внимава на хигиената.