Vesna Besic
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
САРАЕВО - Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 3.327 случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19), соопшти Штабот на Цивилната заштита на Република Хрватска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вкупниот број на активни случаи во Хрватска изнесува 22.402. Меѓу нив 2.907 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, од кои 294 се на респиратор.
Во последното деноноќие од последици на Ковид-19 починаа 92 лица.
Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на вирусот во Хрватска, досега се регистрирани 183.045 лица заразени со новиот тип коронавирус, од кои 2.870 починаа.
Оздравеа вкупно 157.773 заразени, од кои 2.694 во последните 24 часа. Во самоизолација во моментов се наоѓаат 53.286 заразени.
Досега во Хрватска се тестирани 908.215 лица, од кои 11.387 во последните 24 часа.