Furkan Abdula
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија од последици предизвикани од коронавирусот (Ковид-19) починаа 25 лица, со што билансот на починати од вирусот во земјата се искачи на 2.194, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие регистрирани се 865 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 75.597.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравен пациент од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани изнесува 51.493
Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 21.910.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.889 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 371.391 тестирање.